Машката репрезентација на Македонија со голот на Филип Кузмановски одигра реми против Австрија, 29:29, во натпревар од 1. коло од главната фаза на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска. Целиот натпревар мина во голема борба, а ниту една од двете репрезентации не успеа да направи исчекор во двете полувремина, па така само нијанси одлучуваа каков ќе биде исходот од големата драма.
Избраниците на Пајовиќ на десетина секунди пред крајот реализираа за 29:28, а во последните секунди капитенот Кузмановски од десет метри успеа да стави крај на големата драма.
Најефикасен во репрезентацијата на Македонија беше Марко Митев со шест погодоци, пет постигна Жарко Пешевски, а четири додаде Филип Кузмановски.