Македонија со пораз од Франција го заврши настапот на Мундијалот

196

Машката репрезентација на Македонија со поразот од Франција од 32:25 го заврши настапот на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска. Македонија ќе заврши во ТОП 16, а конечниот пласман ќе се знае по комплетирањето на сите натпревари од последното коло од главната фаза на Мундијалот.

За Македонија ова беше успешно првенство, новата генерација предводена од Кире Лазаров покажа дека може да им парира на секоја репрезентација, па така во иднина сите наши ривали ќе нѐ гледаат со други очи и со поголем респект.

Филип Кузмановски беше најефикасен во редовите на нашата репрезентација, постигна осум погодоци, а четири додаде Марко Митев, кој беше прогласен за МВП на натпреварот.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе