
Репрезентацијата на Италија беше едно од изненадувањата на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска.
Италија успеа да ја помине групната фаза, а во главната фаза одигра колку што можеше и настапот на Мундијалот го заврши на 16. позиција.
Еден од најзаслужните за пласманот во ТОП 16 на Италија беше десното крило Лео Прантнер, кој зад своето име запиша 37 погодоци.
Прантнер со одличните партии го провлече вниманието на неколку богати клубови, а според пишувањата на германски „Билд“, за 23-годишниот Италијанец се заинтересирани од Фуксе Берлин. Моментлано Прантнер настапува во Бундес лигата, го носи дресот на Балинген.