Двајцата членови на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, браќата Петар и Павле Атанасијевиќ, заедно со репрезентацијата на Македонија се покажаа во солидно светло на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска. За талентирани браќа близнаци е голема честа да бидат заедно и во националниот тим со искусниот голман Никола Митревски.
„Од сон до реалност“, вака Петар ја опиша заедничката фотографија со Митревски.