Зорман со главоболки пред Македонија – уште тројца откажаа настап!

100

Репрезентацијата на Словенија се соочува со големи проблеми пред двомечот со Македонија во квалификациите за Европското првенство 2026.

На селекторот Урош Зорман му откажааа уште тројца ракометари – Ник Хенигман, Миха Кавчиќ и Тадеј Кљун. Првите двајца имаат полесни повреди, но нема да настапат, додека Кљун не успеа да ја добие трката со времето поради проблеми со грбот.

Ова е дополнителен удар за Словенците, кои веќе останаа без средниот бек Миха Зарабец,  како и без повредените Нејц Цехте, Клемен Ферлин, Борут Мачковшек, Митја Јанц…

Македонија и Словенија ќе го одиграат првиот натпревар во Скопје на 12 март, во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток во 20:00 часот, додека реваншот е закажан за 16 март во „Бонифика“ во Копер, со почеток во 18:30 часот.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT