🎥Јакимовски во одлична форма – Колорадо со нов триумф

79

Момчето од Крива Паланка, Андреј Јакимовски, кој гради успешна кариера во САД, повторно имаше одличен настап во дресот на Колорадо. Тимот на Јакимовски успеа да ја мине и втората рунда на BIG 12 турнирот што се игра во Канзас Сити во рамките на НЦАА лигата, откако триумфираше над осмиот носител – Западна Вирџинија со 67:60.

Јакимовски за време на натпреварот постигна 11 поени, а имаше и шест скока и три украдени топки. Во претходниот натпревар, против ТЦУ, Македонецот беше прво име со 18 поени.

Колорадо во третото коло ќе се соочи со тимот на Хјустон.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе