Митрашиновиќ доминираше и беше клучен фактор во победата на Плештанске Чајки

101

Македонската репрезентативка Анџелика Митрашиновиќ имаше одличен натпревар за екипата на Плештанске Чајки, која триумфираше над Ружомберок со 65:48 (16:7, 17:15, 13:11, 19:15) во натпревар од словачкиот шампионат.

Митрашиновиќ беше најдобар играч на паркетот и натпреварот го заврши со 23 поени, 5 скока и две асистенции.

Во следното коло од регуларниот дел на сезоната, тимот на Митрашиновиќ ќе се соочи со Слован Братислава.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе