Ново коло кај дамите – дербито в недела во Македонска Каменица

34

Денеска со натпреварот меѓу Бадел и Пробаскет ќе започне новото, 12 коло во прволигашката конкуренција кај дамите, а дербито на колото е в недела. Утре, своја пресметка ќе имаат актуелниот шампион Баскет Кам и Крива Паланка. Моментално, Баскет Кам се наоѓа на лидерската позиција со 19 бода, а Крива Паланка има бод помалку.

На првото сезонско соочување, тимот на Крива Паланка триумфираше убедливо против шампионот со 70:54. Екипата на Патриот е слободна во 12. коло, додека Вардар против МЗТ Скопје Аеродром ќе бара рехабилитација за претходните два порази.

Прва А лига, жени, распоред:
15/03, 16:00, Бадел – Пробаскет
15/03, 18:00, МЗТ Скопје Аеродром – Вардар
16/03, 16:00, Баскет Кам – Крива Паланка
Патриот слободен

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе