Познати ривалите на Македонија во квалификациите за ЕП 2026

105

Денеска во романскиот град Клуж се одржа ждрепката за квалификациите за пласман на Европското првенство 2026. Македонија за пласман на континенталниот собир ќе се бори против репрезентациите на Словенија, Белгија и Германија.

Пласман на Европското првенство обезбедат првопласираните и второпласираните од секоја група, како и четирите најдобри третопласирани од вкупно шест групи.

Место на ЕП 2026 веќе обезбедија домаќините – Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција, како и трите медалисти од ЕП 2024 – Норвешка, Данска и Унгарија.

Квалификациите ќе се играат во три термини: од 15 до 19 октомври 2025, од 4 до 8 март 2026 и од 8 до 12 април 2026 година.

Европското првенство 2026 ќе се одржи од 3 до 20 декември.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе