Кичевчанката Стефаноска со одлична партија во српскиот шампионат

168

Македонската интернационалка Сара Стефаноска, која настапува за Јагодина, имаше одлична партија во најквалитетното натпреварување во Србија.

Јагодина со Стефаноска во натпревар од 16. коло од српскиот шампионат славеше на свој терен против еден од ривалите за титулата, тимот на Железничар од Инџија, со резултат 26:23 (14:8).

Кичевчанката беше меѓу најдобрите на теренот и натпреварот го заврши со шест погодоци од девет обиди, а зад своето име запиша и три асистенции.

Стефаноска на 17 одиграни натпревари има постигнато 57 погодоци, а во 8. коло, кога нејзината Јагодина славеше над Наиса Ниш, беше најкорисен играч, односно МВП на натпреварот.

Екс-ракометарката на Вардар имаше и солиден настап на европска сцена, на четири натпревари постигна 19 погодоци во Европскиот Куп, со што само ја потврди одличната форма на интернационално ниво.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT