Денеска се играат четири натпревари во Супер лигата

112

Денеска ќе бидат одиграни дел од натпреварите од последното, 22. коло од регуларниот дел на Супер лигата. На денешната програма ќе има четири натпревари, а најинтересно се очекува да биде во градското дерби меѓу Бутел и Пролет.

Актуелниот шампион, тимот на Еурофарм Пелистер, ќе гостува во Прилеп кај истоимената екипа, додека Тиквеш на свој терен ќе го пречека дебитантот Борец ФЛ. Вицепрвакот Вардар пред домашната публика ќе има убава можност со победа да го заврши регуларниот дел, бидејќи за ривал ја има Струга.

Дербито на колото ќе биде утре во Автокоманда. Токму по завршувањето на дербито меѓу Алкалоид и Охрид ќе биде познато која од водечките три екипи (Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Вардар) ќе стартува со три бода во разигрувањето за титулата.

Во плеј-офот, освен трите споменати екипи, ќе играат уште Охрид, Тиквеш и Бутел Скопје, а во борбата за опстанок ќе играат Пролет, Прилеп, Куманово, Борец ФЛ, Струга и Радовиш.

Освен во плеј-офот, интересно ќе биде и во плеј-аут фазата, каде речиси сите екипи се засилија осетно за да го сочуваат суперлигашкиот статус.

Супер лига, 22. коло, распоред:
17:00 ТИКВЕШ – БОРЕЦ ФЛ
17:00 ВАРДАР – СТРУГА
18:00 БУТЕЛ – ПРОЛЕТ
19:30 ПРИЛЕП – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
26/03, 18:00, РАДОВИШ – КУМАНОВО
26/03, 19:00, АЛКАЛОИД – ОХРИД

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT