Чаир исклучен од лигата – два службени порази донесоа санкција

155

Тумот на Чаир е исклучен од натпреварувањето во Третата кошаркарска лига поради тоа што неоправдано не се појави на два гостински натпревари – против Овче Поле и Хераклеа во рамките од групата Б.

Според правилникот на Кошаркарската федерација на Македонија, конкретно член 30, доколку една екипа двапати загуби со службен резултат во текот на една сезона, таа се исклучува од понатамошното натпреварување и се префрла во понизок ранг со право на настап следната сезона.

Дополнително, согласно член 28 и член 29, екипите кои не се појавуваат на натпревар без оправдани причини ги губат натпреварите со службен резултат 20:0 и не добиваат бодови за тие порази.

Третата лига е најнизок ранг на натпреварување во Македонија, па така Чаир најверојатно во следната сезона повторно би настапувал во третолигашката конкуенција.

Со оваа одлука, третолигашот Чаир ја завршува сезоната предвреме.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT