Со натпреварот меѓу Водно Санс и Ангели беше комплетирано 19. коло во Втората кошаркарска лига. Екипата на Ангели ја доби драмата против тимот на Горан Андреевски, триумфирајќи со 89:87 и со освоената победа остана во игра за лидерската позиција на табелата.
До крајот на регуларниот дел преостануваат уште три кола, по што ќе бидат познати сите патници во плеј-оф фазата. Првите осум екипи обезбедуваат пласман во плеј-офот, екипите кои ќе завршат на 9-то и 10-то место остануваат во Втората лига за следната сезона, додека последнопласираните две екипи го губат статусот на второлигаши и ќе се натпреваруваат во Трета лига.
Прилепчани и Водно Санс сè уште имаат теоретски шанси за едно од местата што носат пласман во плеј-офот.
Втора лига, 19. коло, резултати:
Борец – Мега Баскет 75 – 74
Маџари 2023 – Работнички 90 – 60
Соколи 1933 – Црн Дрим 87 – 80
Водно Санс – Ангели 87 – 89
Навико Академија ФМП – МЗТ Скопје Уни Банка 87 – 70
ГКК Охрид – КК Бутел 84 – 74
ТАБЕЛА