Младите пелистерци го декласираа Келце – ќе се борат за Ф4 во ЛШ!

180

Младинската екипа на Еурофарм Пелистер триумфираше против Келце со 37:29  во првиот полуфинален натпревар од турнирот во Букурешт и за место на Ф4 во младинската ЛШ ќе се бори со подобриот од дуелот меѓу Динамо Букурешт и Висла Плоцк.

Младите пелистерци доминираа од првата минута, а победата ја најавија уште во првиот дел, кој го добија со 11 гола разлика, 22:11. Алем Хаџиќ, беше незапирлив на теренот, во првиот дел даде девет гола, а во вторите 30 минути додаде уште пет и натпреварот го заврши со 14 погодоци.

Карло Буторац запиша седум погодоци, а пет од пет имаше Леонид Лозановски. Голманите Мелин Фехми и Атанасиј Трсунов искомбинираа 11 интервенции.

Утре е завршниот ден, односно битката за трето место (15:30 часот) и финалето (18:00 часот). Завршниот турнир во младинската ЛШ ќе се одигра во „Ланксес Арена“ во Келн паралелно со сениорскиот Ф4.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT