Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, денеска ја имаше првата прозивка на ракометарите за ЕХФ неделата, во која „црвено-жолтите“ ќе ги одиграат последните два квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2026.
Македонија најпрво на 8 мај ќе гостува во Естонија, а потоа на 11 мај ќе биде домаќин на Литванија, која на првата пресметка беше подобра од нашата репрезентација.
Лазаров за двата квалификациски натпревари нема да може да смета на бекот Мартин Велковски и на кружниот напаѓач Марко Стојковиќ. Двајцата ќе ги пропуштат последните квалификациски натпревари поради повреда.
Како што е познато, во комбинација за настап не се и Марко Митев, Игор Ѓорѓиев, Цветан Кузманоски…