Баскет Кам и Крива Паланка на чекор до финале

88

Екипите на Баскет Кам и Крива Паланка фуриозно ги одиграа првите полуфинални дуели од плеј-оф фазата во Женската кошаркарска лига, откако без многу проблеми славеа против МЗТ Скопје Аеродром, односно Бадел.

Актуелниот бранител на титулата, тимот на Баскет Кам, против МЗТ Скопје Аеродром триумфираше со 74:42, најавувајќи дека се наоѓа во одличен ритам пред големиот предизвик.

Крива Паланка, која исто така го одигра првиот полуфинален дуел пред својата публика, славеше над Бадел со 89:63.

Двете победнички екипи доминираа од почеток до крај и не оставија многу простор на ривалите за докажување.

Реванш натпреварите ќе се играат следниот викенд, па за очекување е дека во финалето ќе се борат Баскет Кам и Крива Паланка.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT