Екипите на Струмица Ролинг и Тетекс од Тетово ќе играат во финалето на Третата кошаркарска лига, откако во полуфиналето ги елиминираа Хераклеа, односно Гевгелија. Двете екипи следната сезона ќе играат во повисок ранг и ќе се борат во второлигашката конкуренција.
За двете екипи ова е голем успех, бидејќи зацртаните цели беа остварени. Во следната сезона ќе се обидат да се наметнат во второлигашката конкуренција, со цел да го покажат најдоброто од себе. Дополнително, младите таленти од двата табора ќе имаат повеќе шанси за докажување.
Наскоро треба да бидат познати термините за финалето.