Двата повратници во елитата во битка за првата победа

3

Денеска, со натпреварот меѓу Бутел и вицепрвакот Еурофарм Пелистер, стартуваше новото, 5. коло во најквалитетното домашно ракометно натпреварување, а утре во спортската сала „Автокоманда“ ќе се соочат двата повратници во домашната елита – Мулти Есенс и Младост Богданци.

Двете екипи во досегашниот тек од сезоната освоија по еден бод. Младост во првото коло одигра нерешено на гостувањето кај Бутел, додека Мулти Есенс во претходното коло освои само бод на гостувањето кај Куманово, иако на една минута до крајот имаше предност од три гола.

За тимот на Никола Матлиески и составот предводен од искусниот стратег Горан Андоновски, претстојниот дуел ќе претставува можност да се стигне до првата победа во новата сезона и да се освојат важни бодови во борбата за опстанок. 

Натпреварот меѓу Мулти Есенс и Младост Богданци е закажан за утре со почеток во 16:00 часот. Правдата ќе ја делат браќата Глигор и Спаско Ќаеви, додека делегат ќе биде Душко Камишевски.

ЛИНК ЗА УТРЕШНИОТ НАТПРЕВАР ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ…

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе