Гумерзбах заинтересиран за 17-годишен талент

134

Според пишувањата на „Handballia“, бундеслигашот Гумерзбах е заинтересиран за големиот талент од Словенија, Ахмед Бегиќ, кој има само 17 години. Младиот ракометар е член на Рико Рибница, клуб во кој ја започна својата кариера, а уште одамна ѝ докажа на словенечката ракометна јавност дека е играч за кого дефинитивно ќе се слуша во иднина.

Настапува на позицијата среден бек, но може да одговори и како лев бек. Во најквалитетното натпреварување во Словенија покажа дека е голем потенцијал, па така прв за неговите услуги се заинтересира Гумерзбах. Иако конкретни разговори меѓу двете страни сè уште нема, интересот од германскиот клуб наводно е голем.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT