Поранешниот младински репрезентативец на Србија, Младен Грушановиќ, ги засили редовите на Гостивар и во клубот од западна Македонија е првото странско засилување. 27-годишниот кошаркар, кој игра на позицијата крилен центар, своевремено важеше за еден од најголемите таленти на српската кошарка. 200 сантиметри високиот Грушановиќ во својата кариера има настапувано за екипите на Јагодина, Вршац, Ловќен, Осијек, Беовук…а во тимот на Љупчо Малинков доаѓа од српскиот прволигаш Херцеговац. Гостивар, освен што го ангажира Малинков како нов тренер, ја продолжи соработката со Максим Митевски, а во следните денови се очекува во клубот да пристигнат уште неколку квалитетни засилувања.
Претходна вест
Следна вест