Цветановска пред важна одлука: Странски предизвик или останување дома

351

Една од најдобрите ракометарки од Женската лига, Сара Цветановска, најверојатно за првпат ќе има нов клуб во својата кариера.

Цветановска во последните три сезони имаше одлични настапи за Куманово, а со својот матичен клуб настапуваше и на меѓународната сцена.

Нејзините игри не поминаа незабележано, неколку странски клубови покажаа интерес за 22-годишната ракометарка, па не е исклучена можноста кариерата во следната сезона да ја продолжи надвор од Македонија.

На нејзина адреса пристигнаа понуди и од домашни клубови и во следниот период Цветановска ќе го донесе решението за својата следна средина.

Одлуката ќе зависи од амбициите на клубовите, но и од тоа каде ќе има најдобри услови за понатамошен развој.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT