Македонија ќе ја пречека Литванија во СРЦ „Кале“

223

Репрезентацијата на Македонија во ноември ќе ги продолжи квалификациите за пласман на Европското првенство 2025.  Во овој месец, нашата репрезентација на двапати ќе се соочи со Литванија. КФМ имаше желба домашниот меч со балтичката земја да се одигра во Куманово, во салата која што моментално се реновира, но поради проблеми со греењето, кошаркарската куќа на Македонија мораше да бара друго решение.

Натпреварот со Литванија ќе се одигра на 21 ноември во Скопје, додека реванш средбата три дена подоцна. Македонија, освен Литванија, во квалификациите за настап на континенталниот собир за ривали ги има уште Естонија и Полска. Кошаркарите на Македонија до овој момент имаа една победа, она против Полска, како и пораз од првото соочување со Естонија.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе