Од Водно Санс во БиХ – Ќириловски потпиша за Игокеа

1.580

Еден од најталентираните кошаркари на Македонија, Коста Ќириловски, направи голем чекор во својата кариера, откако денеска потпиша договор со најтрофејниот клуб од БиХ, Игокеа. Босанскиот клуб покажа голем интерес за македонскиот репрезентативец, кој ова изминато лето со јуниорската репрезентација го освои првото место на младинскиот Евробаскет, одржан во Скопје, за кошаркари до 18 години. Пред извесен период со Игокеа потпиша и Марко Лукановски, па така во клубот од Лакташи ќе има двајца членови на јуниорската репрезентација на Македонија. Ќириловски, освен на репрезентативно ниво, играше одлично и на клупско ниво за Водно Санс.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе