Оваа недела продолжија натпреварите во прволигашката конкуренција, а тимот на Атлетик во 21. коло славеше победа над Овче Поле Славјански Универзитет со 42:24.
И покрај поразот, тимот од Свети Николе и понатаму е во игра за суперлигашки бараж, односно за кам-бек во најквалитетното домашно натпреварување.
На натпреварот во Скопје, една од најрасположените на теренот беше Елена Вучевска од гостинската екипа. Искусната ракометарка постигна осум погодоци, а еден од нив го реализираше во стилот на легендарниот Стојанче Стоилов.