Женската сениорска репрезентација на Македонија вечерва ги доби ривалите за групната фаза на Европското првенство.
Домаќини на континенталниот собир, односно коорганизатори, ќе бидат дури пет земји – Романија, Чешка, Полска, Словачка и Турција.
Македонија ќе игра во групата Б (Клуж) заедно со репрезентациите на Норвешка, Романија и Швајцарија, а пласман во главната фаза обезбедуваат само најдобрите две репрезентации од секоја група.
Настапот на континенталниот собир, трет во низа, нашата репрезентација го обезбеди како една од најдобро третопласираните селекции во квалификациите.
Европското првенство 2026 ќе се одржува во периодот од 3 до 20 декември.