Ракометарите на Охрид од гостувањето во Словенија се враќаат со еден негатива, 27:26, но на реванш дуелот против Целје ќе се обидат да испишат нова страница во клупската историја и да обезбедат пласман во финалето од Европскиот Куп.
Иако Охрид во второто полувреме имаше негатива од седум голови, во завршницата покажа карактер и успеа речиси целосно да се врати во игра. Во тоа голема улога имаше и поддршката од македонската публика во „Златорог Арена“.
Мала група на нашинци од Словенија, заедно со неколкуте навивачи кои допатуваа од Охрид, во текот на сите 60 минути беа силна поддршка за тимот на Борис Ројевиќ.
Меѓу најгласните во салата беше и Даниел Мишовски, млад Македонец кој живее и игра ракомет во Марибор.