Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет, по поразот од Ѓорче Петров МРК, им се врати на победите во прволигашката конкуренција.
Во натпревар од 23. коло, тимот предводен од Илија Бетувски и Давид Конев, пред својата публика славеше над Стружанка со девет гола разлика, 30:21 (14:13).
Домашниот состав до победата го предводеше Јована Конева со осум погодоци, Елена Вучевска постигна пет, додека по четири реализации имаа Јана Ристовска и Јована Ангеловска. Кај Стружанка, најефикасна беше Вања Маџоска со осум постигнати погодоци.
За Овче Поле Славјански Универзитет ова беше 13-та победа сезонава, па со новите два бода стигна до вкупно 26, колку што има и Ѓорче Петров МРК, а лидерот Атлетик, кој следната сезона ќе игра во Супер лигата, има 36.