Филип Мечкароски стигна до „стотка“ во Супер лигата

467

Еден од најдобрите асистенти во Супер лигата, Филип Мечкароски, на две кола пред крајот на суперлигашкиот плеј-аут ја надмина бројката од 100 голови сезонава.

Струга во рамките од 8. коло беше поразена од Прилеп со 34:24, а средниот бек натпреварот го заврши со пет погодоци, со што стигна до вкупно 100 голови и сигурно дека до крајот на сезоната дополнително ќе го подобри својот ефект.

Пред натпреварот со Прилеп, Мечкароски на своето конто имаше 95 погодоци.

Мечкароски е еден од низата таленти од Струга и зад себе има бројни признанија од младинските категории. На дел од натпреварите во овие две сезони, токму тој беше „икс-фактор“ во триумфите на својот тим.

И оваа сезона Струга ќе игра бараж за опстанок во најквалитетното домашно натпреварување.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе