Левиот бек Љевар во одлична форма пред доаѓањето во Вардар

260

Новиот член на Вардар од наредната сезона, репрезентативецот на Хрватска, Леон Љевар, игра во одлична форма пред доаѓањето во македонскиот шампион.

Иако во јануари заработи руптура на медијалниот менискус и мораше да паузира речиси еден месец по оперативниот зафат, успеа целосно да се рехабилитира.

Левиот бек и неговиот сегашен тим, Слован Љубљана, ќе се борат за шампионската титула во Словенија, односно ќе ја бранат.

Во полуфиналната серија против Тримо Требње, тимот предводен од словенечкиот стратег Урош Зорман славеше со 2:0.

Слован и на двата дуели победи со еден гол разлика (37:36 и 31:30). На првата пресметка, победничкиот гол за Слован го постигна токму Љевар, кој со седум погодоци, сите од игра, беше најзаслужен за победата, додека на вториот натпревар имаше шест успешни реализации, исто така сите од игра.

Слован во финалето ќе игра со подобриот од второто полуфинале меѓу Градец и Целје.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT