Младите „лавици“ блеснаа против новиот суперлигаш!

218

Во натпреварите од 24. коло од Првата лига кај дамите изненадување приреди Ѓорче Петров МРК, кој му го нанесе првиот сезонски пораз на новиот суперлигаш Атлетик.

Младите ,,лавици” го одиграа најдобриот натпревар сезонава, по оној против Вардар во Купот на Македонија, и триумфираа со 27:16, пред сѐ благодарение на одличната игра во првиот дел, кој го добија со 15:6.

Кај домаќинките блесна Кристина Наумовска со осум погодоци, додека во гостинскиот табор најефикасни беа Моника Босилковска и Дафина Соколовска со по три реализации.

Со оваа победа, вториот тим на Ѓорче Петров е многу блиску до суперлигашки бараж.

Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет, по победата над Стружанка во Свети Николе, денеска на гостувањето во Скопје кај Шампион одигра рутински и триумфираше со 36:8 (18:2).

Сличен беше случајот и во Прилеп, каде што Деспина немаше никакви проблеми против Јехона и забележа убедлива победа од 34:14 (21:2).

Прва лига, 24. коло, резултати:
Ѓорче Петров МРК – Атлетик 27:16 (15:6)
Кристина Наумовска 8/Моника Босилковска 3, Дафина Соколовска 3
Шампион – Овче Поле Славјански Универзитет 8:36 (2:18)
Катја Маркоска 4/Анастасија Сентовска 11
Деспина – Јехона 34:14 (21:2)
Анастасија Јовановска 5, Матеа Христоска 5/Монера Муслију 4
Стружанка – слоб.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT