„Се надевам дека еден ден ученикот ќе биде подобар од учителот“

54

Еден од тренерите кои оставија голема трага во македонскиот клупски ракомет, легендарниот Лино Червар, од следната сезона ќе го предводи Еурофарм Пелистер.

Трофејниот хрватски стратег потпиша двегодишен договор со битолскиот клуб и по речиси една деценија повторно се враќа на македонската сцена, каде што со Металург испиша големи успеси, а краток период беше и селектор на машката репрезентација на Македонија.

Враќањето на Червар предизвика големо внимание во домашната спортска јавност, а актуелниот селектор и тренер на Алкалоид, Кирил Лазаров, смета дека неговото доаѓање ќе донесе дополнителен квалитет и мотив во македонскиот клупски ракомет.

„Неговото доаѓање е добро за македонскиот ракомет и во Битола ќе се работи квалитетно. Тој е одличен избор, тој е мој учител, во контакт сме сѐ уште, комуницираме, и мислам дека со неговото доаѓање ќе се подигне квалитетот во нашиот ракомет. Ние учевме од него, тој е поискусен, а сега ќе мора спортски да се бориме против него. Се надевам дека еден ден ученикот ќе биде подобар од учителот“, коментираше Лазаров во изјава за ТВ Телма.

Червар: Имам поинакво мислење и теорија за тренингот

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT