Наредната недела, односно на 19 мај, ќе биде познато кој ќе ја освои Првата лига и ќе обезбеди директен пласман во најквалитетното домашно ракометно натпреварување.
Во последното коло, амбициозниот тим на Младост славеше против Преспа со 33:17 и го презеде лидерското место на табелата. Тимот од Богданци сега има 45 бода, односно бод повеќе од Мулти Есенс, кој во последното коло ќе игра против Драчево Јуниор.
На младиот тим предводен од Миле Бочкаровски му одговара и реми за да стане шампион во Првата лига, бидејќи има подобар биланс во меѓусебните дуели со Младост.
Натпреварот меѓу Мулти Есенс и Драчево Јуниор е закажан со почеток од 18:00 часот во спортската сала „Автокоманда“, а тоа ќе биде одлична можност за домаќините на најдобар можен начин да ја завршат сезоната – со победа и директен пласман во елитата.
Второпласираниот тим ќе игра суперлигашки бараж против Струга