Еурофарм Пелистер денеска се пофали со потписот на новото засилување. Во Битола ќе пристигне талентираниот ракометар од БиХ, Едвин Џелиловиќ, кој од сезона 2023/24 настапува за Извиѓач.
23-годишниот ракометар игра на позицијата десно крило, а во последните сезони остави голем впечаток настапувајќи во тамошниот шампионат, Лигата на Европа и Европскиот куп.
Веста за неговиот трансфер во битолскиот клуб предизвика големо внимание кај босанската спортска јавност, а дел од медиумите со пофални зборови пишуваа за неговиот премин во македонскиот шампион.
„Голем потег од Љубушки: Едвин Џелиловиќ потпиша за Пелистер“, објави реномираниот весник и портал „Дневни Аваз“.
„Талентираниот Едвин Џелиловиќ ќе ги напушти редовите на Извиѓач и од лето ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер“, стои во објавата на порталот sportpress.ba.
Покрај трансферот на Џелиловиќ, битолчани денеска информираа и за големо засилување надвор од теренот. Клубот потпиша спонзорски договор со компаниите „Пелистерка“, „ЗК Пелагонија“ и „Здравје Радово“.
Во новата сезона, освен новиот стратег Лино Червар, ќе пристигнат и Миха Котар и Мартин Серафимов, а прекомандување од вториот во првиот тим доби Ненад Белистојаноски.