Пионерите на Алкалоид се нови шампиони на Македонија

106

Пионерскиот тим на Алкалоид е нов шампион на Македонија во оваа конкуренција, откако во финалето на Ф4 турнирот во Автокоманда славеше над довчерашниот шампион Охрид со 28:20.

Домаќините речиси во текот на целиот натпревар имаа солидна предност, со исклучок на стартот, кога Охрид поведе со 2:0.

Третото место го освои Мулти Есенс, кој по поразот од Алкалоид во полуфиналето, успеа да триумфира над Еурофарм Пелистер 2 со 26:22 и да го освои бронзениот медал.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT