Пионерите на Алкалоид се нови шампиони на Македонија во оваа конкуренција, откако во финалето на Ф4 турнирот во Автокоманда славеа над довчерашниот шампион Охрид со 28:20.
Третото место за оваа сезона го освои Мулти Есенс, кој успеа да триумфира над Еурофарм Пелистер 2 со 26:22 и да го освои бронзениот медал.
За МВП на Ф4 турнирот беше прогласен Петар Митев од новиот шампион, додека неговиот соиграч Мартин Пандиловски го доби признанието за најдобар голман. Играчот на Еурофарм Пелистер 2, Данаил Христовски, го доби признанието за најдобар стрелец со 15 погодоци.
Во идеалниот тим место имаше за:
Голман – Мартин Пандиловски (Алкалоид)
Лево крило – Христијан Ангеловски (Мулти Есенс)
Среден бек – Јован Спировски (Охрид)
Лев бек – Горјан Петрушевски (Мулти Есенс)
Десен бек – Иван Великов (Алкалоид)
Десно крило – Емануел Вумвулакис (Мулти Есенс)
Пикер – Владимир Николовски (Алкалоид)
Митев МВП на Ф4 кај пионерите, Пандиловски најдобар голман, а Христовски најдобар стрелец