По стапките на сениорите: Младинците на Еурофарм Пелистер ја завршија сезоната со победа

2

Младинската екипа на Еурофарм Пелистер, по стапките на сениорскиот тим, со победа ја заврши натпреварувачката сезона.

Гостин во спортската сала „Боро Чурлевски“ беше тимот на Тиквеш, а на одиграниот натпревар беа постигнати дури 76 гола.

Младите пелистерци триумфираа со 39:37 (18:17) и сезоната ја завршија со 13 победи и првото место во плеј-аутот.

На денешниот натпревар најефикасен во победничката екипа беше Стефан Василевски со 13 погодоци, а новите засилувања за следната сезона во суперлигашот Еурофарм Пелистер 2, Андреј Георгиев и Јован Симоновски постигнаа девет, односно седум гола.

Кај Тиквеш се истакна Мики Лазов со 11 успешни реализации во мрежата на домаќините.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT