Охрид е четвртиот македонски освојувач на европски трофеј

70

Екипата на Охрид го освои трофејот во Европскиот Куп, откако и на реванш дуелот од финалето беше подобра од Татабања.

Охриѓани на првиот натпревар во Унгарија триумфираа со 29:28, а вечерва пред преполната СРЦ „Билјанини Извори“ со одлична игра во второто полувреме стигнаа до убедлива победа од 31:25 и до својот најголем успех во клупската историја.

Со овој трофеј, Македонија го доби четвртиот европски шампион во натпреварувањата под капата на ЕХФ. Претходно европски титули освојуваа Кометал Ѓорче Петров и РК Вардар во Лигата на шампионите, додека минатата сезона, во Европскиот Куп, до трофејот стигна и Алкалоид.

Сега на ова друштво му се приклучи и Охрид, кој испиша нова страница во историјата на македонскиот клупски ракомет.

 

SPORT