Бутел Скопје е вицешампион во младинска конкуренција

101

Во последното коло од младинскиот плеј-оф, во директна пресметка за втората позиција, се сретнаа Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје, а на победа вредна второ место се радуваа гостите од Скопје.

Младите бутелци триумфираа со 40:29 (20:14) и сезоната ја завршија со вкупно 18 победи, додека Еурофарм Пелистер 2 завршува како четвртопласиран во оваа натпреварувачка сезона. Третото место го освои Пролет, генерација која во кадетска конкуренција стигна до шампионска титула.

Христијан Гурмешевиќ беше прва офанзивна сила на гостинскиот тим и натпреварот го заврши со дури 15 погодоци (сите од игра), а го следеа Марко Каевски (5), Давид Јаневски (4) и Христијан Ристов (4).

Кај Еурофарм Пелистер 2, најрасположен беше Алдин Фехми со 13 погодоци, исто така сите од игра.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT