Неготинскиот бисер доминираше: Јован Јовановски најдобар стрелец во младинската лига

292

Со натпреварот меѓу Алкалоид и Куманово беше спуштена завесата во младинската машка лига за оваа сезона. Тимот на Мулти Есенс ја одбрани титулата кај младинците, втор заврши Бутел Скопје, трет беше Пролет, на четвртата позиција заврши Еурофарм Пелистер 2…

Најдобриот стрелец доаѓа од прволигашот Вардар Неготино, а тоа е Јован Јовановски. На 22 одиграни натпревари, Јовановски постигна 231 гол и има најдобар просек од сите, бидејќи статистички по натпревар постигнувал по 10,50 погодоци.

Освен што е најдобар стрелец, талентот од Неготино важи и за еден од најдобрите асистенти во лигата, што доволно говори за неговиот квалитет и разновидност во играта.

На второто место на листата на стрелци се најде членот на Куманово со суперлигашко искуство, Тино Стојановски. Талентираниот среден бек сезоната во младинската лига ја заврши со 216 погодоци. Трет е Мики Лазов од Тиквеш со 199 гола, десното крило Андреј Георгиев од Еурофарм Пелистер заврши со 170 погодоци, а ТОП 5 листата ја затвора Марко Каевски од Бутел Скопје со 163 гола.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT