Амбициозен суперлигаш ангажираше поранешен македонски селектор

122

Еден од домашните тренери кој може да се пофали со титули во шампионатот и Купот на Македонија, несомнено е Симе Симовски, поранешен селектор на женската сениорска репрезентација.

Искусниот стратег, кој последниот клупски ангажман го имаше во старо-новиот шампион Ѓорче Петров, од следната сезона ќе биде на чело на амбициозниот суперлигаш и финалист во Купот на Македонија, ЖРК Спартак, пренесува 24Ракомет.

За многумина изненадување беше пласманот на клубот од Кисела Вода во финалето на Ф4 турнирот во Струмица, но потезите што ги влече управата најавуваат уште поголеми амбиции. Ангажманот на искусен тренер како Симовски, заедно со неколкуте квалитетни засилувања и задржувањето на носителите на играта, покажуваат дека Спартак сериозно се подготвува за исчекор кон самиот врв.

Спартак сезоната ја заврши на петтата позиција во суперлигашката конкуренција и за влакно остана без место меѓу четирите најдобри екипи. Сепак, со Симовски на тренерската клупа, амбициите на клубот во новата сезона ќе бидат повисоки и насочени кон борба за највисок пласман.

Симовски го водеше ЖРК Ѓорче Петров до четири титули во националното првенство и две Куп титули, а во сезона 2023/24 го одведе тимот и до четвртфиналето во Европскиот Куп. Со клубот од Ѓорче Петров се раздели во ноември минатата година и од тогаш беше без ангажман.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT