Екипата на ТФТ славеше во градската пресметка со Шкупи, триумфираше со 82:73 во рамките од 5. коло од прволигашката конкуренција. Клубот од Тафталиџе осамна на врвот задржувајќи го максималниот ефект, а во следните две коло, 6 и 7, избраниците на Боро Смилковски ги очекува соочувањата со Работнчки и Чаир, кој вчера славеше над актуелниот шампион МЗТ.
Шкупи се покажа како незгоден ривал во првите две четвртини, но во второто полувреме ТФТ имаше повеќе од играта и знаеше како да дојде до реализација. Победничката екипа беше предводена од Иван Сапунџиев со 13 поени, Георги Зафиров натпреварот го заврши со 11, а Страхил Николов имаше еден помалку – 10. Во поразениот табор се истакна Арчи Шаке со 21 поен.
Целиот натпревар може да го погледнете на видеото во продолжение…
Најтрофејниот македонски клуб Работнички потешко од очекуваното славеше против Вардар, 79:71. Вардарци во поголемиот дел од натпреварот беа повеќе од рамноправен ривал. Домаќините ја добија првата четвртина со 20:17, гостите заиграа подобро во втората четвртина, на пауза имаа предност од плус три, 42:39. Во третата четвртина се играше израмнето, а во последните десет минути Работнички беше повеќе пофокусиран и успеа да дојде до посакуваната цел.
Прво име во победничката екипа беше Стојан Ѓуровски со 20 поени, босанскиот интернаицоналец Ирман Полутак имаше 17, а Џексон Дубински 16 поени. Кај вардаровиот табор младинскиот репрезентативец Лука Марјановиќ имаше забележителн настап со 16 реализации.
Целиот натпревар може да го погледнете на видеото во продолжение…