Македонска Каменица, Општина позната по фудбалот и кошарката, испишува нова спортска страница, откако во овој дел од Источна Македонија е формиран првиот ракометен клуб – РК Сокол Саса.
Создавањето на ракометен клуб во Македонска Каменица претставува важен чекор за развојот на спортот во градот, бидејќи најмладите ќе добијат уште една можност за спортски избор, но и простор каде ќе можат да ги развиваат своите таленти, да создаваат нови пријателства и да ги негуваат вистинските спортски вредности.
Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, преку социјалните мрежи истакна дека новиот спортски колектив е голема можност за развој на младите и збогатување на спортскиот живот во градот.