Екипите на МЗТ Скопје и Работнички вечерва беа поразени на гостувањето во Словенија, односно БиХ, во рамки од 4. коло од АБА 2 лигата.
Аеродромци повторно одиграа драматичен натпревар против Домжале и загубија со 68:67, откако шутот на Брендон Слај беше блокиран, па така можеше да започне домашното славје.
Најефикасен во тимот на МЗТ Скопје беше Дион Едвин со 16 поени, а 15 додаде Брендон Слај. Кај домашниот тим најмногу се истакна Сретен Кнежевиќ со 16 поени.
Работнички повторно одигра лош натпревар против Босна, загуби со 84:58 во солидно исполнетата „Скендерија“. За Работнички ова беше четврти пораз и веќе ги загуби сите шанси за понатамошен пласман во АБА 2 лигата.
Кај Работнички прво име беше Ирман Полутак со 19 поени, девет додаде Џексон Дубински, останатите играчи беа под просекот. Во победничката екипа најрасположен беше Петар Ковачевиќ со 16 поени.