Стефан Лазаревски останува во Драчево Јуниор

140

Кружниот напаѓач Стефан Лазаревски и во наредната сезона ќе го носи дресот на прволигашот Драчево Јуниор. Лазаревски во вториот дел од изминатата сезона се врати во редовите на Драчево Јуниор од Куманово, клуб во кој стекна и суперлигашко искуство.

Корпулентниот пикер (генерација 2007) во својата кариера настапуваше и за младинските категории на РК Будимир, РК Аеродром, РК Вардар и РК Голден Арт, како и на неговиот сегашен клуб, каде што во својата возрасна категорија имаше забележителни настапи.

Драчево Јуниор изминатата сезона ја заврши на третата позиција во Првата лига, а и во новата сезона амбициите на клубот ќе бидат исти – висок пласман на табелата.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT