Прволигашот Вардар Неготино, по ангажманот на Мартин Димов, донесе уште едно засилување од Велес за претстојната сезона. Нов член на неготинскиот тим е еден од најдобрите стрелци во Првата лига, средниот бек Јован Атанасовски.
Велешанецот во Неготино пристигнува од Текстилец, каде што зад себе имаше одлична сезона. Тој во изминатата сезона заврши како шести најдобар стрелец, постигнувајќи 162 погодоци на 22 одиграни натпревари.
Кариерата ја започна во школата на Борец, настапуваше и за младинските категории на Пролет, а уште на 15-годишна возраст беше на проба во младинскиот тим на германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин.
Со неговото доаѓање, Вардар Неготино добива квалитетен напаѓач и докажан голгетер, кој треба да донесе дополнителна ефикасност во бековската линија и да биде едно од главните офанзивни оружја на тимот во новата сезона.