Тимот на Тиквеш, кој победнички ја стартуваше новата сезона во најквалитетното домашно ракометно натпреварување, доби квалитетно засилување за остатокот од сезоната.
Ново име во ростерот на Кристијан Грчевски е 34-годишниот аргентински ракометар Франко Гавидија. Искусниот пикер веќе е во Кавадарци, а настапи и на дуелот против Струга во првото коло.
Реализациски се покажа солидно на гостувањето во Струга, постигнувајќи четири гола од исто толку обиди. Зад себе има и репрезентативно искуство, бидејќи беше дел од селекцијата на Аргентина, со која настапи на Светското првенство во 2023 година.
Има играно и во Азија, како и во Австралија, додека во Европа настапуваше за голем број клубови. Меѓу позвучните се Кадетен Шафхаузен од Швајцарија, Егер од Унгарија и Вибжеже Гдањск од Полска.