🎥Реткост во ракометот: Крстески забележа 29 одбрани и постигна гол (ВИДЕО)

604

Во натпревар од 5. коло од младинската лига, Охрид славеше на гостувањето во Автокоманда кај Алкалоид со 41:36 (19:14), со што забележа мал напредок на табелата. Со втората сезонска победа, охриѓани стигнаа до четири бода.

Блескаво издание на дуелот во Автокоманда имаше голманот на Охрид, Матеј Крстески, кој забележа неверојатни 29 интервенции. Освен што добро се покажа меѓу стативите, Крстески се запиша и во листата на стрелците, откако во 10. минута од натпреварот успеа да постигне гол.

Погледнете ги сите 29 ОДБРАНИ на Крстески на видеото во продолжение…

Крстески во двете полувремиња одбрани по еден седмерец, па со вкупно 29 интервенции беше еден од најзаслужните за победата на Охрид и се наметна како најкорисен играч (МВП, според наш избор) на денешното младинско соочувње во Автокоманда.

Во нападот на победничката екипа најмногу се истакнаа Христијан Софкоски со 12 и Матео Сиљаноски со десет погодоци.

Подетално за мечот на овој ЛИНК.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе