Гулицоска броеше до 13, Чаир на добар пат да обезбеди осминафинале во Европа

87

Екипата на Чаир славеше против португалскиот тим Колехио Де Гаиа со 29:25 во рамки од првиот меч од 3. коло од Европскиот Куп. Четири голови не се ни многу, ни малку, па така избраничките на Басри Љатифи на реванш натпреварот, кој ќе биде одигран утре, исто така во Автокоманда, во истиот термин (16:00 часот), ќе имаат убава можност со победа да го заверат пласманот во осминафиналето во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Чаир до победата дојде со одличната игра во вториот дел, односно во периодот од 32 до 45 минута кога успеа да направи пресврт и да се одлепи на поголема разлика. Македонскиот претставник на овој натпревар беше предводен од искусната Теодора Гулицоска. Стружанката натпреварот го заврши со 13 гола, по шест постигнаа Стефанија Ѓорѓиевска и Теодора Дукоска.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе