Тиквеш домаќин на Куманово: Познато е кој ќе ја дели правдата во „Јасмин“

152

Утре стартува новото, 8. коло од Супер ракометната лига, а тимот на Тиквеш пред својата публика ќе атакува на четвртата сезонска победа.

Во Кавадарци гостува незгодниот тим на Куманово, кој во досегашниот тек од сезоната освои три бода, а моментално го има и најдобриот стрелец во лигата, десното крило Наум Костов (65 гола).

Кавадарчани во минатото коло одиграа лош натпревар во Битола, каде што загубија од Еурофарм Пелистер 2, па на утрешниот дуел ќе имаат можност да се вратат на победничките патеки и да стигнат до нови бодови пред своите навивачи.

Натпреварот е закажан за 18:00 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци. Правдата на овој дуел ќе ја делат Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје, додека делегат ќе биде Душко Камишевски, исто така од Скопје.

ТАБЕЛА

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе