🎥Иванџиков со првенец во Супер лигата на само 15 години (ВИДЕО)

161

Еден од талентите од школата на Младост Богданци, 15-годишниот Стојан Иванџиков, денешниот дуел во Битола ќе го памети по својот прв гол во домашната Супер лига.

Иако Младост очекувано беше поразен од вицешампионот Еурофарм Пелистер, десното крило доби шанса од тренерот Горан Андоновски и успеа кон крајот на натпреварот да го постигне својот првенец во најквалитетното домашно клупско натпреварување.

Иванџиков минатата сезона доби можност да настапува за сениорскиот тим на Младост, а оваа сезона заигра и во суперлигашката конкуренција.

Постигнатиот гол против Еурофарм Пелистер ќе биде дополнителен мотив за младиот ракометар да продолжи да напредува и да ја оправда довербата што ја добива од стручниот штаб.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе